Таткото на Авичи: Мојот син не сакаше да умре

Таткото на шведскиот диџеј Тим Берлинг, познат како Диџеј Авичи, Клас Берлинг, во интервју за „Си-Ен-Ен“, открил дека неговиот син не планирал да умре. Тоа повеќе било како сообраќајна несреќа. Клас вели дека могу работи се случиле во тој момент за неговиот син, што довеле Авичи да изгуби контрола врз себе.

Музичарот почина на крајот на април минатата година на 29 годишна возраст.

„Според нашата теорија, Тим не планираше да умре. Тоа беше повеќе како сообраќајна несреќа. Многу работи му се случија и насобраа во мал период и тоа го доведе до избезумие“, изјавил Берлинг.

Телото на Тим било пронајдено во Оман, место каде музичарот летувал. Неодамна беше излезен и документарец за Авичи под името True Stories. Во него е прикажана макотрпната борба на музичарот со зависноста од таблети и анксиозноста, која никогаш не успеал да ги реши.

Авичи прекинал со настапите уште од 2016 година поради проблемите со анксиозноста, зависноста од опиоди и алкохолот. Исто така се борел со акутно воспаление на панкреасот, кој му е дијагностициран поради прекумерно конзумирање на алкохол, а поради тоа морал да ги отстрани жолчката и слепото црево.

 

„И покрај тоа што имав големи болки, тие ми ги даваа лековите и ми велеа дека од нив ќе ми биде подобро. Беа како хероин, но не ми помогнаа околу болката. Претпоставував дека лекарите си ја знаеа работата“, вели Авичи во документарниот филм на „Нетфликс“.

Авичи покрај болките на панкреасот, кој траеле и по четири месеци, му бил препишан и коктел лекови меѓу кои и Percocet, опиод кој предизвикува зависност.

„Почнав да пијам по 20 таблети на ден, а ми кажаа дека тие не предизвикуваат зависност. Сеуште бев анксиозен, но повторно почнав со настапите“, изјавил Авичи.

 

Текстот Таткото на Авичи: Мојот син не сакаше да умре е превземен од Reporter.mk.