Таткото на Бритни Спирс, Џејми, сака да има поголема контрола над својата ќерка, пишуваат светските медиуми. Тој поднел барање до судот, неговото законско старателство да биде важечко во девет нови држави низ САД.
Од 2007 година, кога светската пејачка доживеа нервен слом и заврши во болница, Џејми има законско старателство над неа. Иако Бритни неодамна изјавила дека татко ѝ е тој кој ја терал да се дрогира, а потоа ја сместил во болница за ментално здравје, против нејзина волја. Од тогаш таа вели дека постојано работела на тоа да се осамостои.
Сепак, како што пренесуваат медиумите, желбата на пејачката нема да се оствари, затоа што нејзиниот татко поднел барање неговото старателство да биде валидно и во девет нови држави.
Џејми побарал старателство во Алабама, Аризона, Колумбија, Џорџија, Масачусетс, Мичиген, Мисисипи, Тенеси и Вирџинија. Таткото на пејачката уште во мај побарал право на старателство на Хаваи, Луизијана и на Флорида.
Медиумите пишуваат дека засега на никого не му се јасни намерите на Џејми, но во јавноста кружат шпекулации дека татко ѝ се обидувал да под секоја цена да ја држи пејачката под контрола за да има увид во нејзината финансиска состојба и трошоци.
„Со години тој ѝ го уништува здравјето и ја тера да даботи, а сите пари ги зема за себе. Таа живее од трошки, додека тој плива во милиони. Би ја продал за пари“, се само некои од коментарите на обожавателите на пејачката.
Текстот Таткото на Бритни Спирс бара од судот поголема контрола врз ќерката е превземен од Reporter.mk.