Таткото на Дарко Лазиќ, Милан, минатата недела ја избркал неговата снаа Ана Севиќ од болницата. Тој и кажал дека не е пожелна и дека не сакал да ја види покрај неговиот син.
Милан бил револтиран затоа што пејачката не сакала да донира крв за неговиот син, во моментите кога бил во кома и се борел за животот по тешката сообраќајна несреќа која ја доживеал на 23 октомври.
„Милан и рекол на Ана дека прави само проблеми и од тој ден таа повеќе не била во посета на Дарко во болницата. Милан не може да се помири дека Ана порачала и другите луѓе да не даваат крв под изговор дека не му е потребна. На никој до ден денес не му е јасно зошто тоа го направила. Со својата објава таа направи збрка меѓу луѓето во цела Србија кои сакале да помогнат, а на крајот не дошле затоа што и поверувале“, вели извор близок до семејството.
Објавата на Ана не е единственото што го изнервирал таткото на Дарко. Капката која ја прелила чашата била повикот до осигурувањето за парите.
„Милан и неговата сопруга се свесни дека бракот меѓу Дарко и Ана е готов, а од нејзина страна не е човечки да се распрашува за наплата од осигурувањето. Се изненадиле и кога дознале дека отишла на концерт на Маја Беровиќ. Таткото на нејзиното дете е во тешка состојба, а таа се забавува“, завршува изворот.
Ана Севиќ се огласи на социјалните мрежи велејќи дека барала сила додека била во посета на Дарко во болницата.
„Јас направив се што беше во моја моќ. Прво слушав како зборуваат, „што бара таа тука“, после „види сега, не доаѓа во болница, патува“. Во болницата барав сила која сакав да му ја пренесам на мојот сопруг во неговата најголема борба. Барав енергија во себе за да му ја дадам, затоа што на таткото на моето дете сега му е потребна од кога било претходно. Секој од нас пред година дена тргна по својот пат и секој од нас води свој живот. Јас одбрав да бидам среќна и сакана затоа што имам право на тоа, како и сите вие. Среќата е право на избор. Секој заслужува да биде среќен. Моето дете заслужува да биде среќно, а не може да биде, ако не сум јас таа која треба да му покаже како тоа изгледа“, напиша Ана Севиќ.
Текстот Таткото на Дарко Лазиќ ја избркал Ана Севиќ од болница е превземен од Reporter.mk.