Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, Нетфликс ќе снима серија за него

Еден од најпопуларните актери на светот,  не е тип на глумец чие име се развлекува по таблодите, но дел од неговата биографија заслужува да заврши во филм или серија. И тоа најверојатно ќе го направи Нетфликс, па  што ќе сними серија за неговиот татко Чарлс Харелсон, осуден убиец.

Чарлс во 1979 година е осуден на две доживотни казни за убиство на судијата Џон Вуд Јуниор, а пред тоа го поврзуваа со низа на други убиства. Многумина се убедени дека е поврзан со црното подземје и дека работел како платен убиец.

Со криминал почнал да се занимава во периодот кога имал многу коцкарски долгови.  Зад решетки го одведе убиството на судијата, за кое еден дилер му исплатил 250.000 долари.

Вуди Харелсон вели дека нема проблеми да зборува за својот тако, а во 1988 годна во интервју за магазинот „Пипл“, тој рече дека тој не можел многу да учествува во неговото воспитување, а го посетувал во затвор еднаш годишно.

„Можеби ќе ви биде чудно, бидејќи зборувам за осуден убиец, но мојот татко беше еден од најелоквентните, најчитани и најшармантни луѓе кои ги познавам. Гледам на него повеќе како на некој кој би можел да ми биде пријател, отколку на некој кој ми е татко – рече во таа прилика Харелсон.

Текстот Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, Нетфликс ќе снима серија за него е превземен од Reporter.mk.