Роберт Омаљев, вонбрачниот син на покојниот пејач Шабан Шаулиќ, неколку дена по неговата смрт, јавно проговори за односот со својот татко. Тој за српски „Телеграф“ рекол дека иако со години не биле во контакт, никогаш не му се лутел. Признал и дека за смртта на Шаулиќ дознал од медиумите.
„Заради неговото семејство не сакаше да има никаква врска со мене. Уште сум во шок сум, не можам да си дојдам на себе. Многу ми е тешко. За смртта на татко ми дознав од порталите, а ми јави и сестра ми. Кога разбрав дека е вистина, ми се слоши. Тој беше мој татко, и иако не бевме во контакт никогаш не сум имал лошо мислење. Немав воопшто дилема дали да дојдам на погребот“, раскажал Роберт.
Тој рекол дека сакал да се прости од Шаулиќ, иако го немал видено со години.
„Му простив за минатото. Што било, било, сѐ му простувам – и тоа што ме остави. Разбирам дека семејството му беше на прво место. Болката е голема, но јас никогаш не сум бил во контакт со сопругата на татко ми и со неговите деца, па не се слушнавме ни по погребот“, додал тој.
Покојниот пејач, пак, за својот вонбрачен син првпат прозборел пред четири години.
„Го направив во младоста, тој не е дете од љубов. Искрено, никогаш не сум направил тест за да докажам дали тој навистина е мој син. Сепак, плаќав алиментација до неговата 18 година, но не го гледам“, рекол тогаш Шаулиќ.
Текстот „Тато ти простувам што ме остави“, прозборе вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ е превземен од Reporter.mk.