Тажната животна приказна на Кијану Ривс

Актерот Кијану Ривс, денес има 53 години, а поради смртта на поранешната девојка не сака сериозна врска, ниту пак деца. Освен што е квалитетен актер, Кијану Ривс тотално е кул тип, кој и покрај милионите долари кои ги има на сметка, се вози во подземна железничка, не носи скапа облека, а често папараците знаат да го забележат како пие пиво со бездомниците на патиштата и на кои често им помага.

Но, и покрај тоа што е еден од омилените ликови во холивудските брда, сепак животот кон актерот бил доста суров.

„Повеќето луѓе знаат за мене, но не и за мојата приказна. Кога имав три години, мојот татко го напушти семејството. Патам од дислексија, па имав проблеми во образованието“, ја сподели својата тажна животна приказна на Фејсбук во 2015 година Ривс.

Најдобриот пријател на Ривс, Ривер Феникс, се предозирал кога Кијану имал 23 години. Се чинело дека во 1998 година, работите за него тргнале во нагорна линија, откако ја запознал Џенифер Саим. Се заљубил во неа во љубов на прв поглед. Но, година дена подоцна, Џенифер во 8 месец од бременоста родила мртво девојче. Тоа сериозно го нарушило нивниот однос. Тагата била преголема, а неколку недели подоцна, двојката прекинала да се гледа.

Година дена подоцна, Џенифер загинала во тешка автомобилска несреќа, а полицискиот извештај открил дека загинала на лице место. Џенифер во тоа време се лечела од депресија и земала два вида на лекови кои полицијата ги пронашла во нејзиниот автомобил. Со неа некое време се поврзувал и контроверзниот музичар Марилин Мансон, кој на Џенифер наводно и продавал кокаин. Ваквата приказна со време згаснала. Поради се што преживеал на љубовен план, Кијану изјавил деека тоа е причината зошто не сака сериозна врска ниту пак деца.

Но, на невољите немало крај. Неговата помлада сестра Ким во 2004 година и била дијагностицирана леукемија, што актерот го поттикнало да 70% од заработката од кинго хитот „Матрикс“, да го донира во болницата каде се лечат пациентите со леукемија. Сумата изнесувала околу 80 милиони долари.

„Јас сум една од ретките холивудски ѕвезди кои не живее во вила, нема телохранители и не носи скапа облека. Иако имам преку 100 милиони долари, се возам во подземна железница и уживам во тоа! На крајот симте можеме да се согласиме дека силна личност може да ги преживее и најлошите трагедии и да продолжи да ужива во мали работи. Без оглед на тоа што во моментов ве мачи, можете да победите? Животот се исплати да го живеете“, напишал на крајот Ривс во емотивен статус со кој на луѓето сакал да им даде надеж, дека секогаш постои излез од сите проблеми. Поради тоа Ривс собрал дополнителни симпатии.

Се шушкало дека во неговиот кревет се нашле бројни славни дами како Камерон Дијаз, Винона Рајдер, Шарлиз Терон, но и денес 72 годишната актерка Дајана Китон, која тогаш имала 59 години. Сепак љубовните приказни за Дајана никогаш не биле потврдени.

Актерот неодамна е виден во Западен Холивуд за време на излегувањето од теретана во друштво на непознати жени, но кон дома, сам си отишол со својот мотор. Иако бил насмеан, изгледал поприлично „запуштено“, но тоа е имиџ кој скромниот актер го негува веќе подолго време.

Без оглед на имиџот, многумина му признаваат за силата со која ги преживеа сите тешки животни удари.

 

 

Текстот Тажната животна приказна на Кијану Ривс е превземен од Reporter.mk.