Националната установа „Театар комедија“ почна да снима документарен филм за големата актерка на македонската сцена, Анче Џамбазова.
Од театарот велат дека овој филм ќе го режира Миле Гроздановски, а сценариото го изработи Гоце Трајковски.
Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на актерката Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на фестивалот „Гола месечина“, односно на последната вечер од фестивалот, 9 септември.
Овој фестивал се одржува под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември годинава.
Текстот „Театар комедија“ снима документарец за актерката Анче Џамбазова е превземен од Reporter.mk.