Утревечер (28 февруари), на репертоарот на театарот Комедија ќе се прикажува класиката на Антон Чехов, „Мечка“, која ќе биде толкувана на знаковен јазик, па претставата ќе можат да ја гледаат и лица со оштетен слух. Режисер на претставата е Димче Николовски.
Театар Комедија освен како најпосетуван театар во земјава, станува препознат и по својата посветеност да се отстранат бариерите кои ги спречуваат лицата со попреченост да уживаат во сето она што им е достапно на останатите луѓе. Првпат во нашата земја, една театарска претстава ќе биде достапна и за глувите лица и непречено ќе можат да уживаат во придобивките на културните манифестации.
По предлог на Владата на РМ, во НУ Театар Комедија е предвидено да се вработи и постојан толкувач на знаковен јазик. Проектот е поддржан од Министерството за култура и НУ Театар Комедија.
Текстот Театар Комедија со претстава за лица со оштетен слух е превземен од Reporter.mk.