Светската ѕвезда Тејлор Свифт ќе ја добие наградата „Уметник на деценијата“ на Американските музички награди (АМА) 2019 година, објавија од продукцијата „Дик Кларк“.
„Свифт заслужено ја освојува наградата ако се земе предвид дека само лани ја надмина Витни Хјустон во бројот на освоени награди, повеќе од кој било женски артист“, велат продуцентите.
Годинава Тејлор ќе се обиде да го надмине Мајкл Џексон кој има 24 победи на АМА, исто колку и таа. Пејачката е номинирана во пет категории: за најдобро видео за песната You Need to Calm Down, како и за уметник на годината, омилен поп/рок албум за Lover, омилен поп/рок женски уметник и омилен возрасен современ уметник. Таа е најавена и како изведувач, па ќе настапи со неколку свои песни на шоуто.
Од останатите уметници номинирани за АМА, Пост Малоне има седум номинации, додека Аријана Гранде и Били Ајлиш имаат по шест номинации.
Текстот Тејлор Свифт е уметник на деценијата е превземен од Reporter.mk.