Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон

Американската пејачка Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон по бројот на освоени награди на Американските музички награди (АМА). Таа вчеравечер освои шест награди – женски поп-рок изведувач, најдобар поп/рок албум, омилен изведувач, спот на годината за You Need to Calm Down, изведувач на годината, а беше прогласена и за изведувач на десетлетието. Сега Тејлор има вкупно 29 статуетки, пет повеќе од „крал на попот“.

„Овој албум навистина го доживеав како нов почеток. Си го сакам и новиот рекорд – и на национално и на државно ниво“, рече Тејлор на настанот.

Освен Свифт, награди освоија и Били Ајлиш за најдобар нов изведувач, Калид е најдобар машки поп/рок изведувач, најдобра поп/рок песна е Without Мe на Халси, соработка на годината е Señorita на Шон Мендез и Камила Кабело, а омилена филмска музика е „Квин“ за филмот „Бомска рапсодија“. Најдобар рап/хип-хоп изведувач е Карди Би, а најдобри кантри изведувачи се Кејн Браун и Кери Андервуд.

 

Текстот Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.