Тејлор Свифт ѝ направи роденденска торта на Селена Гомез

Поп-ѕвездата Селена Гомез вчера го прослави 26. роденден. Покрај многуте подароци, таа доби и роденденска торта што за неа ја направи една од нејзините најдобри пријателки Телјор Свифт. Тејлор се пофали дека сама ја направила тортата, па сликата ја стави на својот инстаграм-профил.

„Дали ќе дозволам далечината да ме спречи да го прославам роденденот на мојата најдобра другарка? Мислам, можам, ама зошто би го сакала тоа“, напиша Тејлор на сликата, користејќи стихови од песната на Силена,  Hands to Myself.

Тејлор во моментов е во Њујорк каде што во саботата одржа концерт во рамките на својата американска турнеја. Селена, пак, е во Лос Анџелес каде што снима нов филм.

 

Текстот Тејлор Свифт ѝ направи роденденска торта на Селена Гомез е превземен од Reporter.mk.