Најмладата добитничка на Оскар, Тејтум Онил, откри во јавноста дека била жртва на сексуално злоставување во повеќе наврати.
Онил која на десет години доби Оскар и со тоа стана најмладата добитничка на оваа престижна награда, открива дека била малтретирана во периодот додека имала пет, шест, дванаесет, тринаесет и петнасет години.
„Возрасни мажи сексуално ме злоставува и ме искористуваа. Бев млада и мислев дека покрај нив ќе бидам безбедна. Ми требаа речиси 55 години за да научам како да се залагам за себе си“, изјавила Онил.
Актерката го коментирала и американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот избор за судија на Врховниот суд. Станува збор за Бред Кавано, кого три жени го обвинија за сексуален напад.
„Не паметам вакви црни времиња во нашата земја. Потонавме во толкава длабока расипаност во општеството, што ги надмина сите граници. Не можам да замислам како може еден претседател на САД да падне толку ниско“, напишала Онил на социјалните мрежи.
Тејтум Онил била жртва на сексуално злоставување was last modified: October 8th, 2018 by Љубисав Владимиров