Телото на Билјана Беличанец го пронашол нејзиниот сопруг

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец вчера беше пронајдена мртва во стан во Скопје. Полицијата синоќа околу 22:30 часот добила пријава за нејзината смрт, пренесува „Макфакс“. Нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, пријавил дека го пронашол безживотното тело на 45-годишната глумица, која се обесила. Неофицијално, актерката се обесила, а нејзиното безживотно тело е пронајдено во бањата.

Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт, бил извршен бил увид на самото место, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Беличанец е родена на 23 јули 1973 година. По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Играла бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски претстави.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“. Последни претстави ѝ се „Генетика на кучињата“ и „Последните Македонци“ во Драмскиот театар.

Во јавноста е позната и по натсинхронизацијата на неколку турски серии на македонски, а меѓу нив и ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

Актерката беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годинa.

Текстот Телото на Билјана Беличанец го пронашол нејзиниот сопруг е превземен од Reporter.mk.