Режисерката на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, Теона Стругар Митевска, ја доби наградата Златна арена за најдобра режија на 66. Филмски фестивал во Пула, Хрватска. Според одлуката на жирито, Митевска е наградена едногласно затоа што со „прецизниот режисерски ракопис успева да го вовлече гледачот во филмските случувања, карактери и општествени околности“.
Светската премиера на филмот беше на 10 февруари на 69. Берлински филмски фестивал и таму освои две награди – на Екуменското жири и на Здружението на германските кина за авторски филм, паралелни награди на Берлинале што ги доделуваат независни жирија. Во април филмот ја доби главната награда на Меѓународниот женски филмски фестивал Дортмунд/Келн, а во мај доби две награди на Филмскиот фестивал Деа во Тирана: за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога за глумицата Зорица Нушева.
Текстот Теона Стругар Митевска доби „Златна арена“ на фестивалот во Пула е превземен од Reporter.mk.