Тепачка пред домот на Богдана, Вељко заврши во полиција

Синот на српската пејачка Вељко Ражнатовиќ, заврши во полиција поради тепачка со група на млади момци кои биле во алкохолизирана состојба, пренесуваат српските медиуми. Тепачката се случила пред домот на Богдана Родиќ, партнерката на Вељко која минатата недела се породи.

На тепачката и претходела кратка расправа, во која Вељко ги замолил момците да го напуштат местото, сакајќи да го заштити мирот на неговото семејство, вели неговиот адвокат. Тој вели дека лицата кои го вознемириле Вељко, се појавиле пред неговиот дом, биле во алкохолизирана состојба и од колата пуштале гласна музика.

„Кој си ти да ни кажуваш што да правиме“, му одговориле, откако Вељко ги замолил да си заминат, затоа што во куќата биле неговата партнерка Богдана со бебето.

„Тие го опкружиле и почнале да му дофрлаат. Еден од нив го провоцирал и застанал пред него, по што дошло до физички контакт. Вељко се обидел да спречи инцидент и ги замолил да не прават проблеми, затоа што во куќата му било бебето. Но, откако дојде до тепачка, тој мораше да отиде во полиција“, вели неговиот адвокат.

Тој објасни дека Вељко бил нападнат пред неговата куќа и дека не бил ниту уапсен, ниту приведен.

„Вељко отиде во полициска станица, не како осомничен, туку да даде изјава во својство на граѓанин. Тој само сакаше да го заштити мирот и спокојот на своето семејство“, изјавил неговиот адвокат Радомир Мунижаба.

 

Текстот Тепачка пред домот на Богдана, Вељко заврши во полиција е превземен од Reporter.mk.