Од 2015 година Вал Килмер боледува од рак на грлото, а низ годините терапии болеста остави видлива трага врз здравјето на актерот. Килмер се крие од јавноста повеќе од две години и никој не знае што се случува со него. Многумина мислеа дека тој не е во можност да ја продолжи филмската кариера, пишуваат свветските медиуми.
Тој неодамна бил виден во Њујорк, што е едно од неговите ретки појавувања во јавност. На грлото носел уред од трахеостомија, кој на актерот му овозможува полесно да дише.
Килмер дури во 2017 година во едно од своите интервјуа признал дека се бори со тешката болест, која трае до ден денес. Вели дека не сака да говори премногу за приватниот живот, но вели дека се надева на најдобро.
Актерот ќе глуми во римејк-филмот „Топ Ган“, чија премира се очекува да се случи наредната година.
Килмер покрај „Топ Ган“ глумел и во филмовите „Дорси“, „Светец“, „Кис кис, бенг бенг“, „Принцот Египет“ и многу други. Со децении важеше за женски срцекршач, а познат е и по неговата заводлива насмевка на големото платно.
Текстот Тешката болест му ја уништи кариерата на Вал Килмер е превземен од Reporter.mk.