Вчера фолк пејачот Момо Николоски ја изгуби биткака со ракот. Тој се лекуваше од абдоминелен канцер, а неговата сопруга неколку пати бараше поддршка и помош, за лекувањето на Момо. Веста дека починал ја сподели неговата сопруга Валбурга Батева-Николовска.
„Ти и јас немаме крај“, напиша таа под фотографијата и им се заблагодари на сите пријатели кои помогнаа за лекувањето на Николовски.
И неговиот пријател и кум Сашо Ливирински сподели емоцтивен статус
„Почина мојот кум,човекот што ми беше втор татко,кому му должам сѐ околу мојата кареиера. Куме, Момо Николовски, немам зборови со кои би искажал колку сум тажен, дури и солзите ми пресушија. Почивај во мир и пеј куме таму горе, пеј, јас сигурно ќе те слушнам“, напиша Ливрински. Тој објави и снимка од од еден од првите настапи на пејачот велејќи дека таа снима е “почеток на едно доживотно пријателство“.
Текстот Ти и јас немавме крај- Не стивнува тагата по Момо е превземен од Reporter.mk.