Саманта Маркл повторно на интернет ја нападна својата сестра Меган. Иако неодамна била во Велика Британија и се обидела да ја смири топката со сестра си, изгледа дека и понатаму не ѝ простува поради тоа што се откажала од семејството и дека не сака повеќе да комуницира со нив.
Саманта тврди дека Меган не му честитала Божик на својот татко и дека тој е многу тажен и скршен поради тоа.
„Никогаш во животот не сум видела таква личност, без срце, без душа и подготвена да го повреди сопствениот татко. Засрами се Меган поради она што му го правиш на татко ти. Не постои пиар што може ова да го поправи. Ја повлекувам честитката за Божик, ти не заслужуваш да ти честитаме. Како се осмелуваш да влезеш во црква?”, напиша Саманта на својот твитер-профил.
Сестрата на Меган тврди дека ова е веќе втор Божик како Меган не го побарала својот татко. Томас Маркл не престанува со обидите да стапи во контакт со Меган веќе неколку месеци, но војвотката одбива да одговори на неговите пораки.
Текстот „Ти немаш ни срце ни срам“, Саманта Маркл повторно ја исплука Меган е превземен од Reporter.mk.