Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е среќен на своето големо семејство и дека секој слобод момент ужива додека го минува со нив. Трамп вели дека не му смета што неговите деца секогаш се на мета на медиумите и поширокоата јавност.
Медиумите на големо пишуваат дека неговата ќерка Тифани Трамп, која деновиве престојува во Белград, е најмногу маргинализирана во семејството, поради тоа што израснала без татко.
Трамп, Тифани ја добил со неговата втора сопруга Марло Мејплс, поранешната мисица поради која ја оставил својата првата жена Ивана. Марла самата ја одгледала ќерка си, но во повеќе наврати нагласила дека Доналд никогаш не пропуштил ниту еден важен настан и дека секогаш финансиски ги подмирувал своите обврски.
Тифани е позната во јавноста како девојка без дамки. Нејзините пријатели велат дека таа е многу фина и дека никогаш не ја виделе да се однесува недолично. Освен Тифани, Трамп има уште три деца од првиот брак со некогашната чешка манекенка Ивана Зелничкова и синот Барон кој го добил со сегашната сопруга Меланија Трамп.
Доналд Трамп помладиот е најстариот син на американскиот претседател. Со поранешната сопруга Ванеса има пет деца, а по разводот почнал да се забавува со атрактивната водителка Кимберли Глифојл, која е осум години постара од него.
„Да таа е навистина нешто посебно, а истовремено е многу убава“, беше само една од низата слични изјави кои Трамп ги изјавил за својата ќерка.
Иванка е директорока на една од организациите на Трамп, но и член на администрацијата на Белата куќа, а паралелно со тоа е посветена и на своите лични проекти во областа на модата. Од 2009 година таа е во брак со Џаред Кушнер со кого има три деца.
Ерик Трамп е вториот син на претседателот, а заедно со неговиот постар брат и Иванка ја водат организацијата на Доналд Трамп. Познат е по учеството во ријалити шоуто The Apprentice. Оженет е со Лара Трамп, а во 2017 година го добил синот Ерик Лук Трамп.
Денес најмногу внимание привлекува поранешната манекенка и сопруга на Доналд Трамп, Меланија, која е актуелна прва дама на САД. Словенката со претседателот го има синот Барон (13). Тинејџерот ретко се појавува во јавност, освен кога неговите родители го носат со себе на различни приеми и настани. Барон оди во приватно школо, каде годишната членарина изнесува 45.000 долари.
„Тој е остроумен, многу посебен и паметен дечко. Независен е, самоуверен и точно знае што сака. Понекогаш го нарекувам „Малиот Доналд“, Иако во изгледот е мешавина и од мене и од мојот сопруг. Но, во карактер целиот е на татко му, па затоа така и го викам. Кога имаше пет години сакаше да биде како него, бизнисмен и голфер“, изјавила Меланија.
Текстот Тифани е девојка без дамки, а Барон е малиот Трамп за Меланија, целото семејство на претседателот е превземен од Reporter.mk.