Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ си замина од телевизиската куќа 1ТВ, каде што водеше своја емисија. Тијана беше од самото отварање на телевизијата, и веќе некое време се зборува дека пукнала тиквата таму, па заради тоа и си отишла. Тијана, пак, за „Репоретер“, вели дека немало никава кавга, туку едноставно немала време да ѝ се посвети на емисијата.
„Ма какво карање. Бог да чува. Немав време да ѝ се посветам на емисијата, па затоа си отидов. Сакам да и се посветам на кариерата и на фамилијата. Ама никогаш не се знае, може ѝ ќе ја работам емисијата пак“, ни изјави поп-пејачката Тијана, која неодамна го промовираше спотот за песната „Километри“, преработка на српски, песна која ја отпеа Влатко Лозановски.
Текстот Тијана ги откачи 1ТВ е превземен од Reporter.mk.