Во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, гостин беше Тијана Дапчевиќ, која зборуваше за учестовото на сестра и Тамара на „Евросонг“. Тамара беше на прва на табаелата додека кога одеа гласовите од стручното жири, сепак публиката реши да победи Холандија.
„Мене телефонот ми изгоре тие 40 минути. Марија Шерифовиќ ми прати порака ‘Тијана, што е ова, зборувај, што е ова!’, раскажа Тијана и откри колку е важно што Тамара добила толку гласови од стручното жири и била на врвот од табелата.
„Особено важно е што таа доби 12 поени од Англија, која е колевка на музиката. Не знаеме дали гласовите на публиката се такви. Тоа никогаш нема да го занеме. Нема врска што тоа е мојата сестра, таа постави задача“, вели таа.
Она што на Тијана не и се допадна, и јавно го кажа е дека стручното жири на Македонија не даде ниту еден глас за Србија, и нивната преставничка Невена Божовиќ.
„ Јас сум разочарана што стручното жири не даде ниту еден поен за Србија. Тоа не е Македонија, тоа се седум луѓе кои одлучиле така, што е погрешно до бесвест. Македонија гласаше за Невена, бидејќи реално немаа за кого, вели Тијана.
Текстот Тијана разочарана: Седум луѓе седнаа во жири и решија да не дадат поен на Србија е превземен од Reporter.mk.