Том Џонс во Дубровник побарал шампањ стар 17 години

Светската ѕвезда Том Џонс (79) вчера пристигна во Дубровник. Тој денес ќе одржи концерт по повод 70 години од Дубровничките летни игри. Во Дубровник доаѓа прв пат, а неговиот настап ќе го видат само илјада обожаватели, бидејќи толку може да застанат пред Дубровничката катедрала на Страдун, каде што ќе се одржи концертот.

„Дубровачки вијесник“ пишува дека Џонс од организаторот побарал само старо шише „Дом Перињон“ од 2002 година, а дека немал големи барања ниту за сместувањето.

Том Џонс е добитник на наградата „Греми“ и носител на витешката титула сер која му ја додели кралицата Елизабета во 2006 година.

Текстот Том Џонс во Дубровник побарал шампањ стар 17 години е превземен од Reporter.mk.