Глумецот Том Харди и неговата сопруга Шарлот Рилеј станаа радители на момче, а бебето го крстија Форест, по главниот лик од филмот „Форест Гамп“. Според британските медиуми, родителите го избрале ова име оти сопругата на Харди отсекогаш го сакала филмот со Том Хенкс во главната улога.
„Пресреќни сме поради бебето, а неколку наши пријатели тврдат дека бебето е ист Том. За време на празниците се повлекоа од јавноста за да се прилагодат кон обврските што ги носи новороденчето“, изјавил за британските таблоиди анонимен пријател на семејството.
Том и Шарлот се во брак од 2014 година. Форест е нивно второ дете, тие го имаат и синот Луис Томас.
Текстот Том Харди доби син, го крсти по омилениот филм со Том Хенкс е превземен од Reporter.mk.