Актерот Том Харди има неверојатна моќ на трансформација, а тоа го покажа и во играњето на улогата на славниот мафијаш Ал Капоне.
Ова ќе биде вторпат како Харди се наоѓа во улогата на Капоне.
На социјалните мрежи се појави фотографија од 40-годишниот актер во новиот филм „Фонзо“ во кој Харди ќе го игра Капоне.
Фотографијата на „Твитер“ ја сподели режисерот на филмот Џош Тренк.
Во филмот ќе биде прикажан Капоне, кој е прогонуван од своето насилно минато во последните години од животот. Исто така, акцент ќе се стави и на неговата борба со деменција.
По отслужените 7,5 години во Алкатраз, Капоне е ослободен во 1939 година на слобода. Боледувал од сифилис, кој го заработил од своите проститутки. Не бил лекуван. Инфекцијата се проширила на целото тело, како и на мозокот. Мафијашот буквално вегетирал во последните години од животот. Во 1946 година неговиот психијатар открил дека има ментални способности на 12-годишно момче. Починал во 1947 година покрај својата сопруга и остатокот од семејството.
Поради улогата, Том морал целосно да ја избричи главата. Таков пристигнал и на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл во мај оваа година. Јавноста била шокирана, но многумина тоа го протолкуваа како професионалност. Во исто време неговата сопруга Шарлот Рајли, со која моментно го очекува второто дете, блеснала во елегантен цветен фустан.
Ова ќе биде вторпат Том да игра во улогата на Ал Капоне, а првиот пат тоа го направил во филмот Cicero.
Текстот Том Харди непрепознатлив во улогата на Ал Капоне е превземен од Reporter.mk.