Оскаровец Том Хенкс ќе го глуми ликот на Џепето во римејкот на популарниот цртан филм „Пинокио“ од 1940 година, пишува „Варајети“. Филмот ќе се снима според романот „Авантурите на Пинокио“ на италијанскиот писател Карло Колоди од 1883 година. Филмот ќе го снима студиото „Дизни“, а ќе го режира Пол Кинг. Датумот на премиерата засега не е познат датумот.
„Пинокио“ е уште еден од цртаните на „Дизни“ што ќе добие филмска верзија по „ Кралот лав“, „Дамбо“, „Аладин“ и „Мулан“.
Текстот Том Хенкс ќе го глуми Џепето во новата верзија на „Пинокио“ е превземен од Reporter.mk.