Холивудскиот глумец Том Хенкс вели дека никој не сака да биде блиску до него подолго време, затоа што се плашат да не им го пренесе опасниот коронавирус. Хенкс и неговата сопруга беа меѓу првите славни личности кои се заразија од „Ковид-19“, за време на снимањето во Австралија.
Хенкс во улога на водител на комичната емисија Saturday Night Live, на духовен начин раскажа како изгледало неговото лечење од коронавирусот и каков му е животот сега.
„Не се грижете. Шишањето на косата е поради улогата. Расте бавно. Многу е добро да се биде овде, но исто така е и чудно да се води Saturday Night Live, од дома. Чудно време е за шеги, но ќе се обидам да бидам смешен“, изјавил Хенкс. Тој објаснува дека луѓето кои биле во негово присуство, не знаеле како треба да се однесуваат.
„Никој не сака да биде покрај мене. На луѓето им е незгодно“, вели Хенкс, кој успеа да го победи опасниот вирус.
Глумецот ги пофали лекарите кои му помогнале во Австралија, каде му беше дијагностициран коронавирусот. Тој и сопругата Рита Вилсон, сега се дома во Америка и повторно се во изолација.
„Ова одело е првото што го облеков, а да не е тренерка од 11 март. Сопругата ми помогна да го облечам“, се пошегува Том.
Текстот Том Хенкс: Никој не сака да биде покрај мене долго време е превземен од Reporter.mk.