Том Хенкс пуштен од болница, жена му останува во карантин

Глумецот Том Хенкс кој минатата недела беше заразен со коронавирусот во Австралија е пуштен од болница, пренесуваат тамошните медиуми. Неговата сопруга Рита Вилсон и понатаму ќе остане во изолација.

Двојката минатата недела за време на својот престој во Австралија, каде снимаа документарец за Елвис Присли, се заразија со опасниот вирус. Рита имаше и концерт во Сиднеј.

Оскаровецот сега е пуштен од австралиската болница во која беше во изолација, а неговата сопруга ќе остане во болницата, но е неизвесно до кога, велат тамошните здравствени служби.

Том и Рита од моментот кога дознаа дека имаат коронавирус, останаа позитивни и не ја изгубија смислата за хумор. За време на нивниот престој во болницата и изолацијата, тие неколку пати се јавија до своите обожаватели преку социјалните мрежи. Ги советуваа да ги слушаат советите на експертите за да ја избегнат заразата.

 

 

Текстот Том Хенкс пуштен од болница, жена му останува во карантин е превземен од Reporter.mk.