Сиентологот Сем Доминго тврди дека глумецот Том Круз не ѝ е татко на Сури. Според него, ова е причината што Круз со години не ја видел, ниту пробал да оствари некаков контакт со 13-годишното девојче. Судот во Лос Аџелес старателството над Сури ѝ го додели на нејзината мајка, Кејти Холмс, но Том, законски, има можност да ја гледа ќерка си десет дена во месецот. Тој ова право, според Доминго, не го искористил никогаш.
„Сигурен сум дека Том сака да ја спаси Сури од канџите на нејзината мајка. Ама знаете што? И да не успее да ја придобие, не е страшно. Таа не е негова ќерка“, рече неодамна Доминго.
И во светските медиуми често се пишува дека 57-годишниот глумец не ѝ е татко на Сури. Тие овие пишувања ги поткрепуваат со фактот дека Том не е заинтересиран за Сури, исто како што не е заинтересиран за ниту еден човелк надвор од сиентолошката црква.
„Том е еден вид на бог во црквата. Тој е над останатите сиентолози. Луѓето во црквата веруваат дека тој е испратен на земјата за да го спаси светот“, изјави лани глумицата Леа Ремини.
Текстот Том Круз не ѝ е татко на Сури е превземен од Reporter.mk.