Тони Цетински добитник на наградата „Оливер Драгојевиќ“

Хрватскиот пејач Тони Цетински е добитник на наградата „Оливер Драгојевиќ“, награда која се дава за најдобар пејач.  Пејачот со престижната награда се пофали на „Инстаграм“.

Со ова Цетински ја продолжи низата на успешни настапи почнати од 2018 година. Минатата година заврши во знак на неговиот нов албум „Како во сон“, но и хитовите „Генерал без чинови“, „Како во сон“, и „Јас не знам никој подобар од тебе“.

Круна на сето ова беа неговите бројни настапи во најугледните концертни сали, за кои се бараше влезница повеќе. За неговиот концерт кој е закажан на 22 јуни, уште сега има огромен интерес. Цетински изјавил дека со нетрпение чека да се дружи со публиката во Белград.

 

Текстот Тони Цетински добитник на наградата „Оливер Драгојевиќ“ е превземен од Reporter.mk.