Хрватскиот пејач Тони Џетински се огласи по повод обвинението дека го убил Ибрахим Кевљанин од Ровињ, откако со своето возило минал преку него. Пејачот вели дека ќе се помири со евентуалниот исход од судската постапка.
„Како судот ќе одлучи така и ќе биде. Се помирив со сите евентуални исходи, затоа што повторувам, како и да мине овој судски процес, ништо за мене нема да биде исто по тој кобен 3.11.2017 година. Не сакам на никого такво нешто да му се случи во животот. Таа траума ќе ја носам до крајот на мојот живот. Оваа ситуација често ме прогонува во соништата и тешко дека ќе можам да излезам на крај со неа, но нималку не може да се мери со трагедијата на семејството и пријателите на Ибрахим Кевлјанин“, изјавил Цетински.
Притоа не обрнал внимание на пешакот кој лежел на улицата со нарушено здравје поради срцева болест и кој бил во тешка алкохолизирана состојба. Цетински поминал преку неговото тело, по што човекот починал, пишува во обвинението што го пренесоа хрватските медиуми.
Текстот Тони Цетински: Ќе одговарам ако се утврди дека сум виновен е превземен од Reporter.mk.