Против познатиот хрватски пејач Тони Цетински е покренато обвинение за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици во ноември 2017, во која почина 62-годишниот Ибрахим Кевљанин од Ровињ. Според Државното обвинителство во Пула, Цетински е обвинет за несреќата што ја предизвика на 3 ноември 2017, кога на кривина во тесна уличка го прегазил Кевљанин. На Цетински ќе му се суди за убиство од небрежност, а доколку вината се докаже на суд, најверојатно ќе оди и во затвор, пишуваат медиумите.
Во обвинението стои дека тој возел брзо и дека невнимателно влегол во кривината без да биде сигурен дали може да помине на безбеден начин во еднонасочната улица. Притоа не обрнал внимание на пешакот кој лежел на улицата со нарушено здравје заради срцева болест и во тешка алкохолизирана состојба, па поминал преку неговото тело, по што чоивекот починал, пишува во обвинението што го пренесоа хрватските медиуми. Обвинението против Цетински е поднесено на 31 декември 2018 година, а пред два дена е објавено и на официјалната страница на обвинителството.
Вештачењето на целиот настан траеше подолго од една година за да се утври со сигурност дали Кевљанин седел, лежел или ползел по уличката и дали бил во алкохолизирана состојба кога Цетински го прегази. Пејачот, пак, и во полиција и во медиумите изјавуваше дека не возел брзо со својот „мерцедес“ во тесната уличка и дека не е виновен.
Текстот Тони Цетински обвинет за убиство е превземен од Reporter.mk.