Тони Цетински повеќе не се дружи со Жељко Јоксимовиќ

Хрватскиот пејач Тони Цетински кој неодамна го прослави својот 50 роденден и 30 години кариера, во разговор за српските медиуми откри за своите идни ангажмани кои пејачот ќе ги има во Белград, а го спомена и неговиот колега Жељко Јоксимовиќ и несогласувањата кои ги има со српскиот пејач.

„Направивме дует „Заблуда“, а одржавме и концерт заедно. Но, од тогаш дојде до некои несогласувања. Јас му ги честитав сите награди досега. Кога ќе се видиме, се поздравуваме, но не се дружиме како порано. Се раздвоивме во деловна смисла“, вели пејачот.

Цетински во периодов вели дека има голем број обврски и ангажмани. На 22. јуни пејачот ќе настапи во паркот Ташмајдан во Белград.

„Сакам да ја почувствувам атмосферата на Ташмајдан. Тоа е необичен и интересен простор. Ќе направиме аудиовизуелен спектакл. А на Арената во Белград веројатно ќе настапам наредната година, кога ќе пејам и во Арената во Загреб“, изјавил Цетински за српските медиуми.

 

Текстот Тони Цетински повеќе не се дружи со Жељко Јоксимовиќ е превземен од Reporter.mk.