ТОП голот на Бергкамп – Поминаа 20 години и уште е НАЈ…

Денис Бергкамп пред точно 20 години на денешен ден го постигна најубавиот гол во историјата на Премиерлигата. Тој на неверојатен начин ја надмудри одбраната на Њукасл, ја прими топката со пируета и потоа го надмудри и голманот Шеј Гивен.

Пред неколку години оваа мајсторија на легендарниот Холанѓанец беше избрана за најдобар гол во историјата на англискиот фудбал.