Со чоколадна торта, шампањско и балони, музичарот Роберт Билбилов денес во Тел Авив го прослави својот 36. роденден. Изненадување утрово му направија членовите на евровизискиот тим. Тие од пред неколку дена се во Израел и се подготвуваат за настапот на Тамара. Торатата му ја донесоа на појадокот , па му испеаја и роденденската песна, откри за „Репортер“ еден од членовите на евровизиската делегација.
Роберт е еден од авторите на евровизиската песна Proud на Тамара, заедно со Дарко Димитров, Лазар Цветкоски и Коста Петров. Ова не е прва „Евровизија“ за Билбилов. Тој работеше и на песната Autumn Leaves на Даниел Кајмакоски. Македонија годинава пее во второто полуфинале, на 16 мај.
Текстот Торта и шампањско од евровизискиот тим за роденденот на Билбилов е превземен од Reporter.mk.