Американскиот претседател Доналд Трамп го гледал филмот „Џокер“ во салата за проекции во Белата куќа и по прикажувањето рекол дека уживал додека го гледал.
Филмот доживеа голем успех и во комерцијална смисла и кај критичарите. На филмскиот фестивал во Венеција оваа драма во која глуми Хоакин Феникс освои „Златен лав“.
Киноблагајните низ целиот свет објавија дека „Џокер“ заработил над една милијарда долари.
„Јаху њуз“ го потврди твитот од новинарот на Си-ен-ен, Шимон Прокупец, дека Трамп го гледал филмот и исто така ја пренесе изјава на висок функционер на Белата куќа, кој кажа дека на претседателот му се допаднал филмот и уживал во него.
Британски „Индипендент“ пишува дека не е целосно јасно дали тоа се должи на фактот дека ликот на Роберт де Ниро, еден од најжестоките критичари на Трамп, завршува трагично во филмот.
Жителите на Белата куќа можат да ги гледаат филмовите во салата за проекции, тие имаат привилегија да уживаат во филмовите пред да бидат официјално прикажани во киносалите.
Текстот Tрамп го гледаше „Џокер“ во Белата куќа и кажа што мисли за филмот е превземен од Reporter.mk.