Трамп ја откачил девојката со која излегувал, за да ја запознае Меланија

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со неговата сопруга Меланија, во едно од своите последни интервјуа за магазинот People, открил дека во првиот момент кога ја забележал Меланија, морал да ја откачи девојката со која излегол, за да ја запознае сега првата дама на САД.

Меланија Трамп е во брак со претседателот на САД Доналд Трамп повеќе од 14 години. Претходно Меланија вели дека двајцата се забавувале седум години.

Таа и нејзиниот 24 години постар сопруг, во моментот се едни од најпознатите двојки на светот. Двајцата се веќе 21 година заедно. Се запознале во 1998 година, кога Доналд бил првиот тој кој ја забележал манекенката.

Доналд Трамп побарал да ја запознае Меланија и ја бркал цела вечер, обидувајќи се да дојде до нејзиниот број. Но, нивната прва романса не се одвивала така глатко, затоа што Меланија таа вечер го обвинила дека Трамп бил лукав.

Во интервјуто за People, двојката открила некои од поединостите за таа прослава и нивното запознавање. Говорејќи отворено за неговата сопруга, Доналд признал дека се обидел да дојде до нејзиниот број.

„Ја видов Меланија и прашав за неа. Таа беше многу успешна манекенка. Беше неверојатна. Се обидов да дојдам до нејзниот број, но таа не сакаше да ми го даде“, вели Трамп.

Меланија открила дека тогаш слушнала многу трачеви за Трамп, уште пред да го запознае.

„Слушнав дека бил човек слаб на ескорт дамите, а јас му реков дека не сум една од тие дами“, изјавила Меланија.

 

 

Доналд таа вечер бил на состанок со друга жена, но направил лукав план за да се ослободи од другата дама, за да може да зборува со Меланија. Тоа воопшто не ѝ се допаднало на Меланија кога го дознала.

„Подоцна ми кажа дека ја испратил својата придружба до тоалетот, за да може да го добие мојот број. Јас тогаш помислив дека тоа е многу лукав план“, изјавила Меланија.

Меланија одбила да му го даде бројот на Трамп. Таа го побарала неговиот и му кажала дека таа ќе одлучи дали ќе го побара или не. Признала дека Доналд таа вечер ги дал сите негови броеви, посакувајќи да му се јави колку е можно побрзо. На крајот Меланија го побарала Трамп.

Неколку недели подоцна двајцата почнале да се забавуваат, а во 2005 година стапиле во брачна заедница. Година дена подоцна, Меланија и Трамп добиле син. На Меланија тоа и било прво, а на Донад петто дете.

 

 

Текстот Трамп ја откачил девојката со која излегувал, за да ја запознае Меланија е превземен од Reporter.mk.