„Трамп ме силуваше“ – уредничка на познат магазин го обвини претседателот

Џин Керол уреничка на американскиот магазин за жени „Ел“, во Њујорк го обини американскиот претседател Доналд Трамп дека ја силувал на средината на деведесетите години, во една стоковна куќа на Менхетен.

Керол напишала дека имала пријателска средба со Трамп во модната куќа „Бергдорф Гудман“ во 1995 или 1996 година, но претседателот ја присилил зад кибината за пресоблекување и ги откопчал панталоните и почнал да ја силува. Керол изјавила дека по кратката борба со Трамп, таа со крајни напори го турнала и побегнала.

Трамп ги негирапе ваквите изјава велејќи дека никогаш во животот ја нема сретнато оваа жена.

„Никогаш во животот ја немам видено таа личност“, изјавил Доналд Трамп.

Керон ваквата средба со Трамп ја опишала во нејзината книга за „одвратните мажи“. Во својата синоќешна изјава пак Трамп вели дека ваквото тврдење претставува лажна вест и изјавил дека за тоа нема никакви докази.

„Нема фотографии, нема надѕор, нема извештаи, нема изјава на продавачката. Би сакал да му се заблагодарам на Бергдорф Гудман што потврди дека нема никакви видео снимки од било каков инцидент од ваков тип. Тоа никогаш се нема случено“, изјавил Трамп.

 За време на претседателската кампања во 2016 година, повеќе од десет жени го обвинија Трамп за сексуално злоставување во раните деведесети години. Трамп ги негираше сите вакви изјави и кажа дека сите тие жени лажат.

Додека тие случаи воглавно се однесуваа на допирања и бакнувања без согласност, Керол сега го обвини Трамп за силување. Керол која има 75 години, напишала во својата книга дека Трамп кога пристигнал во модната куќа на Петтата авенија, ја препознал како советничка за купување.

Керол сведочела дека Трамп побарал од неа да му помогне во купувањето за подарок за девојка, чиј идентитет не е познат. Таа се согласила.

Керол изјавила дека Трамп предложил да купи долна облека и побарал од неа да ја проба. Ја однел во кабината за пресоблекување, каде ја нападнал и се обидел да ја силува. Сè се случило за помалку од три минути.

Керол вели дека немало никој друг во кабините и дека не поднела пријава во полиција. Но, случајот им го раскажала на две пријателки исто така новинарки, од кои едната ја советувала да се јави во полиција, а другата ја советувала да молчи, предупредувајќи ја дека Трамп има моќни адвокати.

Трамп во 2005 година случајно бил снимен како се фали дека ги фаќа жените за гениталии и ги бакнува без нивна дозвола. Кога таа снимка е објавена недела дена пред изборите во ноември 2016 година, Трамп изјавил дека никогаш не го правел тоа што се зборува на снимката и тој разговор го опишал само како машки разговор.

Во март годинава жалбениот суд во Њурорк пресуди дека поранешната учесничка во ријалити шоуто на Доналд Трамп, Самер Зервос, може да го тужи за присилно бакнување.

 

Текстот „Трамп ме силуваше“ – уредничка на познат магазин го обвини претседателот е превземен од Reporter.mk.