Трето продолжение на „Лоши момци“ со Вил Смит и Мартин Лоренс

Режисерот Мајкл Беј (53) кој ја мина веќе петтата деценија, успеа од прикажувањето на „Лоши момци 2“, да сними дури пет продолженија од „Трансформери“, но, сепак не успеа да го направи филмот кој толку многу го посакува.

Но, по се изгледа сега желбата конечно ќе му се исполни, затоа што на 17 јануари, 2020 година, стигнува новото трето продолжение на „Лоши момци“.

 

View this post on Instagram

 

It’s official. Bad Boys for Life. #teammartymar #badboysforlife @willsmith #weback

A post shared by Martin Lawrence (@martinlawrence) on

„И официјлано ќе се снима трето продолжение. Сега и секогаш „Лоши момци“, напиша Мартин Лоренс на социјалните мрежи со фотографија од неговиот колега Вил Смит, кој пред месец дена ја прифати улогата. Минаа 15 години од снимањето на вториот дел „Лоши момци“, а сега сигурно повторно ќе се вратат во голем стил.

 

View this post on Instagram

 

If this was to really happen. What y’all think?? #badboysIII #badboysmovie @martinlawrence @willsmith

A post shared by Jay Jackson III (@one_kleen_minister) on

Иако секој вистински обожавател на франшизата „Лоши момци“, со нетрпение го чека новото продолжение, „Bad Boys ford life“, како што е наречен филмот, сепак можноста да го видат ја имале и претходно.

Новото продолжение со Вил и Мартин требало да излезе на крајот на ноември годинава, но тоа не се остварило.

„Не мислам дека ќе го снимиме сега. Не, како што сега стојат работите. Вил работи на други филмови и едноставно ми се чини дека тоа нема да се случи годинава“, изјавил Лоренс.

Иако се малку стари, можеби и малку побавни и подебели, сепак и Вил Смит и неговиот партнер ветија дека нема да ги изневерат фановите.

 

 

Текстот Трето продолжение на „Лоши момци“ со Вил Смит и Мартин Лоренс е превземен од Reporter.mk.