Три Македонки настапуваа за други држави на светскиот избор на убавина „Мис глоуб“

Македонските модели Ивана Димитрова, Кристина Димитриевска, Симона Тодоровска и Стефанија Тиквешанец се натпреваруваа на годинашниот избор за убавина „Мис глоуб 2019“ што се одржа во Улцињ, Црна Гора. И додека Кристина ја претставуваше Македонија, останатите три девојки се натпреваруваа за други земји. Ивана ја претставуваше Бугарија, Симона – Србија, а Стефанија на изборот беше претставена како Мис на Словенија. 23-годишната Кристина беше единствената Македонка што освои награда. Таа беше избрана за „Мис фотогеничност“.

Инаку, лиценцата за овој светски избор на убавина за Македонија од 1996 година ја има модното студио „Црнокрак“.

За потсетување, на „Мис глоуб 2019“, што се одржа на 21 октомври, победи преставничката на Мексико, Алејанда Диаз Де Леон Солер.

(Галерија) Бившата на Кајмакоски најфотогенична жена на светот

 

Текстот Три Македонки настапуваа за други држави на светскиот избор на убавина „Мис глоуб“ е превземен од Reporter.mk.