Чантите се омилениот моден додаток на речиси сите, а овие три модели се хит за оваа пролет.
- Проѕирни чанти
Можеби сепак е малку чудно, но прѕирните чанти се навистина популарни оваа сезона. Најверојатно ќе бидат барани и во текот на летото. Доста популарни се и целосно проѕирните чанти. Па доколку сте доволно храбри да им покажете на сите што се наоѓа во вашата чанта, слободно одберете го овој модел.
- Кружни рачки
Кружните рачки на чантите се ретро тренд кој се хит оваа пролетна сезона. Изгледаат навистина интересно. Најчесто станува збор за едноставни модели кои сепак се впечатливи, а некои модели се погодни за буквално секоја прилика.
Друг популарен модел се и чантите со полукружни рачки. Најчесто ова се кружни чанти со помала големина, но доволно големи за најнеопходните работи.
- Неонски бои
Дали сте подготвени да ја обоите оваа сезона? Во тој случај, одберете чанта со неонска боја. Овие чанти се навистина популарни, а лесно можете да ги вклопите во вашиот секојдневен изглед. Најдобро од сè е што нивната боја ќе ви помогне да ја освежите целата комбинација, особено ако носите облека со неутрални нијанси.
Уште една одлична работа за неонските бои е тоа што ќе ви помогнат да го дополните и лежерниот стил. Исто така овие чанти се добар избор доколку ви се допаѓа трендот на сложување контрастни бои.
Текстот Три модели чанти хит за оваа пролет е превземен од Reporter.mk.