Трипати се обиде да се самоубие, а синот и денес не го сака: Брижит Бардо, секс-симболот на минатиот век, денес полни 85 години

Брижид Бардо, актерка со занесна убавина и талент, секс-симбол на 50-тите и 60-тите години на 20 век, денес го слави 85. роденден.

Освен по улогите, она по што ја паметат е дека пред нејзиниот 40-ти роденден во 1974 година ја прекина филмската кариера и се посвети на борбата за заштита на животните.

Сепак, ретко кој знае дека таа била во длабока депресија, како и тоа дека трипати се обидела да се самоубие. Како што и самата кажала во една пригода, имала сè, но сепак била премногу несреќна.

„Може да бидете и босоноги, но да бидете среќни. Навистина повеќе пати бев на работ да извршам самоубиство. Имав сè, но бев несреќна“ – изјавила Брижит Бардо.

Занесна, русокоса, со правилни црти на лицето, полни усни и со пеги на носот, Брижит ја освои цела планета. Во дваесеттите и триесеттите години од својот живот не ѝ било срам да се соблече пред камерите.  Мажите ги оставаше без здив, а некои и ѝ станаа сопрузи.

Бардо во вториот брак со сопругот Жак Шарием родила син со кој не била блиска затоа што својата бременост ја споредила со тумор. Нејзиниот син таа објава никогаш не ѝ ја простил, но тој не бил главната причина за нејзините несреќи, бидејќи осум месци по неговото раѓање, на 28 септември 1960 година, по вторпат се обидела да се самоубие. Наводно, причините за тоа биле проблеми  во бракот.

„Вистинско чудо е што сè уште сум жива“ – зборувала Брижит, која во својата 40-та година ги променила своите животни навики и станала вегетаријанка. Иако повеќе не се занимавала со актерство, папараците сепак ја следеле. Дваесеттина дена подоцна, оптоварена со својата слава и длабока депресија, Брижит по третпат се обидела да се самоубие, но ја спречила куќната помошничка.

 

Текстот Трипати се обиде да се самоубие, а синот и денес не го сака: Брижит Бардо, секс-симболот на минатиот век, денес полни 85 години е превземен од Reporter.mk.