Онлајн пребарувачот Lyst“направи истражување за тоа кои се најпопуларните брендови за првиот квартал од годинава, но воедно и за најпопуларните модни додатоци.
Резултатите покажуваат дека „Off White“, „Гучи“ и „Баленсијага“ се трите најпопуларни брендови досега во 2019 година.
А кога се модните додатоци во прашање, во продолжение се трите модела чанти кои моментално се најпопуларни во светот, а воедно и најпосакувани:
Jitney 1.4 Cash Inside – Off White
Овој модел на брендот е убедливо на првото место. Инстаграмот е преплавен со фотографии токму со оваа чанта, а особено е популарен меѓу модните блогерки, кои поради обликот и пораката, го наоѓаат моделот исклучително привлечен.
2.Chloe C
Меѓу најпребаруваните модели на чанти на Интернет е и овој на модната куќа „Клое“. Се работи за мини чанта со ефект на крокодилска кожа, а Наталија Водијанова и Каја Гербер во голема мера придонесоа за нејзината популарност, презентирајќи ја преку своите профили на социјалните мрежи.
Винтиџмодел од Bottega Veneta
За месец дена од појавувањето (кон крајот на февруари), чантата била пребарувана на интернет повеќе од 10.000 пати. Моделите Елса Хоск и Роси Ханингтон Вајтли се едни меѓу првите што ја имаа и придонесоа за уште поголемата популарност. Чантата што потсетува на оние што ги носеле нашите мајки или баби доби нов тренди изглед .
Текстот Трите најпопуларни чанти во светот е превземен од Reporter.mk.