Трубачи ја свиреа „Један дан живота“ на последното испраќање на Гру

Вчера на гробиштата во Белград беше погребан познатиот српски рапер Далибор Андронов – Гру. На погребот, покрај семејството, дојдоа да се простат од него и многу пријатели од естрадата, но и голем број негови обожаватели.

Поворката тргна со песната од Мишо Ковач, „Једен дан живота“, а потоа и песната „Ја без тебе не могу да живим“, која ја свиреа трубачи. Кратко свиреше и посмртниот марш, но и песната „Тихо ноќи“.

Меѓу познатите од својот колега и пријател се поздравија пејачите Гоца Тржан, Ивана Петерс, Ненад Кнежевиќ Кнез, глумицата Драгана Мичаловиќ, водителката Душица Јаковлевиќ, раперите Ненад Илиќ Ила, Струка, Игор Лазиќ Нигор, одбојкарот Един Скоро, Марко Ѓуровски и други.

Српскиот рапер Гру загина во понеделникот. Тој настрада додека сурфаше на кајт во наутичкиот клуб „Земун“. Гру иако бил искусен во возење кајт, сепак, не можел да се справи со невремето што го зафатило Дунав. Музичарот паднал во водата, а пријателите успеале да го извлечат неговото тело. По пристигнувањето на итната помош, лекарите констатирале смрт.

Гру беше во брак со српската манеканка Даница Павловиќ од 2007 година. Тој беше татко на два деца. 

 

„Што лупаат дека Гру загинал?“- сопругата дознала за смртта на раперот од пријателка

Текстот Трубачи ја свиреа „Један дан живота“ на последното испраќање на Гру е превземен од Reporter.mk.