Популарниот бенд „Ту челос“ и официјално се распаднаа. Откако виолончелистите Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер пред неколку месеци најавија дека ќе направат пауза од заедничката работа, тие сега и официјално почнаа да снимаат соло албуми.
„Веќе подолго време Стјепан и Лука планираа малку да се раздвојат. Иако со голема популарност се стекнаа како група, засега ќе продолжуваат да градат соло кариери“, изјавил извор близок до двајцата музичари.
Информацијата за медиумите ја потврди и ПР-тимот на Стјепан и Лука.
„Точно е дека се разделија и дека двајцата почнаа со снимање соло албуми. Лука снима во Рим, а Стјепан во Лондон“, рекле од ПР тимот.
„Ту челос“ во 2011 година потпишаа договор со Сони Мастерворкс и издадоа четири албуми, свирејќи инструментални верзии на светските поп и рок хитови, класична и филмска музика. Дуото настапуваше несекаде во светот, имаа неколку гостувања и во американски тв-серии. Тие одржаа неколку концерти во Македонија, последниот лани есента во Скопје.
Текстот „Ту челос“ се распаднаа: И Стјепан и Лука снимаат соло албуми е превземен од Reporter.mk.