Алтуна Сејди – Туна, по подолга пауза од музката се враќа со концерт во Македонската филхармонија на 8 март, во 20 часот. Концертот го организира Културно-информативен центар – Скопје (КИЦ). Со овој концерт пејачката одбележува две децении кариера. На концертот таа ќе го промовира својот албум „Фортуна“, а ќе изведе и избрани песни по кои ја памети публиката. Туна издаде неколку албуми од кои се издвојуваат хитовите: „Да живееме“, „Чао мачоман“, „Пироман“, „Туна“, „Нема веќе диктатура“, „Тестамент“, „Психолози“, „Женска сила“, „Инат“, „Сакаме“ кои ќе бидат дел од програмата на претстојниот концерт. Изминативе две децении таа има настапувано и надвор од земјава, нејзината секогаш била на врвот на топ-листите.
Туна на музичката сцена се појави на 15 години и веднаш стана препознатлива по гласот и музичкиот сил. Популарна во Косово, во Македонија и во Албанија.
Текстот Туна се враќа на сцената со концерт на 8 март е превземен од Reporter.mk.