Турска актерка му прости на момчето иако ја оставил пред олтар

Турската актерка Асли Енвер, му прости на својот вереник Мурат Боз, иако ја оставил пред венчавката. Асил позната од серијата „Истанбулска невеста“, одлучила да му даде втора шанса на нејзиниот колега.

Двојката се запознала за време на снимањето на филмот „Брате мој“, а по долгогодишна врска, двајцата решиле да се венчаат. Сепак по само неколку месеци пред венчавката, Мурат ја оставил актерката ѝ побегнал во Мајами. Го променил бројот на мобилен. Вели дека тоа го направил за да избега од нејзините љубоморни испади.

Мурат во подоцнежните свои изјави вели дека не можел повеќе да ја поднесе Асли.

„Вестите за разделбата беа вистина. Но, мене Асли ми е многу драга. За нас се зборуваше и пишуваше се и сешто. Но, сметам дека тие работи трба да останат меѓу нас двајцата“, изјавил Боз за време на едно од своите снимања.

Актерката Асли не сакала премногу да зборува во јавноста за нејзиниот љубовен живот. Мурат сега наводно се покајал поради тоа што го направил, а Асли се одлучила да му даде втора шанса.

Како што пренесуваат турските медиуми, двојката повторно почнала да излегува, но засега нема ништо околу нивниот втор обид да се венчаат.

 

 

Текстот Турска актерка му прости на момчето иако ја оставил пред олтар е превземен од Reporter.mk.