Популарниот глумец Озџан Дениз, кај нас најпознат по улогата на Караман, по неполна година се разведува од својата 20 години помлада сопруга Фејза Дениз, пишуваат турските медиуми. Тој веќе покренал постапка за развод.
Двојката е ванча лани на 8 март. Во тоа време Фејза беше во седмиот месец од бременоста. По пишувањата за развод, турските медиуми пишуваа дека се венчале само заради детето. Актерот не проговорил јавно за причините за разводот.
Турскиот актер пред да се ожени со Фејза бил во врска со неколку глумици, меѓу кои и Фахрие Евџан, Неџла од серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Текстот Турскиот глумец Озџан Денис се разведе по една година брак е превземен од Reporter.mk.