Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева неодамна преку Фејсбук се пофали дека нејзината ќерка Лора ќе се мажи за своето момче Филип. Таа за „Репортер“ таа раскажа како течат подготовките за свадбата.
„Подготовките течат со леснотија и радост. Без помпи, формалности и натегања. Двајцата се многу едноставни и не бараат невозможни нешта. Знаат што сакаат, и патем, многу се сакаат“, ни рече Турунџиева.
„Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, им посака пред две десетина дена Сузана, кога откри дека ќе добие зет.
18-годишната Лора и 22-годишниот Филип се во врска скоро една година. Турунџиева, неодамна рече дека ако имала син, ќе сакала тој да е како Филип.
Лора е првата ќерка на Сузана, која ја има од бракот со пливачот Александар Маленко. Таа има и помала ќерка, Матеа, од бракот со Марјан Јовановиќ кој почина прес скоро две години.
Текстот Турунџиева раскажа за свадбата на ќерка си е превземен од Reporter.mk.