Полицијата во Србија синоќа го уапсила Бранислав М. од Сремска Митровица, кој се сомничи дека извршил кривично дело на изнуда во обид, односно го киднапирал дедото на Јелена Ѓоковиќ во Љиг, соопштил денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ.
36-годишниот Бранислав М. се сомничи дека упаднал во куќата на 83-годишниот Милисав, дека му го украл мобилниот, 26.000 денари и дека потоа со својот помагач го однеле дедото на Јелена од дома и го врзале за далновод. Министерот потврдил дека грабнувачите барале од семејството на Јелена откуп од два милиони евра.
На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа во Ваљево, по што ќе биде пренесен во обвинителството. Министерот додал и дека полицијата пронашла предмети кои сведочат за стореното дело. Според Стефановиќ, информациите говорат дека имало еден извршител и еден помагач, но помагачот за сега не е пронајден.
Текстот Уапсен киднаперот на дедото на Јелена Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.