Уапсен поранешниот член на „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ

Поранешниот член на групата „Нови Фосили“ Рајко Дујмиќ е уапсен пишуваат хрватските медиуми. Полицијата го привела Дујмиќ по добиената пријава за закана.

Поради здравствени проблеми, Дујмиќ од затворот во Реметница, во придружба на двајца правосудни полицајци пристигнал во болницата во Загреб „Доктор Фран Михајлевиќ“.

Музичарот имал проблеми со дишењето, а и тешко се движел. Сеуште не е познато кој ја поднел пријавата за закана, но за Рајко ова не е првпат да има проблеми со законот, пренесуваат медиумите.

Во 2015 година, полицијата го привела поради сериозно семејно насилство, по што музичарот морал да мине 23 дена во затвор. Неговата сопруга Снежана тогаш изјавила дека Рајко цел ден пиел и слушал музика.

Тогаш почнал да плаче и станал агресивен кон неа. Судијата за овој инцидент го казнил Рајко со шест месеци условна казна. Рајко имал проблеми со закнот и во 2005 година. Бил фатен со кокаин, и казнет со 500 евра парична казна.

 

Текстот Уапсен поранешниот член на „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ е превземен од Reporter.mk.